Фудбалерите на Барселона мора да прифатата намалување на платите, во спротивно клубот во јануари би можел да прогласи банкрот. Оваа сензационална информација ја пренесе Радио Каталонија 1.
Овој извор објави дека Барселона ќе мора да скрати 190 милиони евра од буџетот за плати, односно ќе мора платите да ги намали за 30 отсто. Доколку не биде постигнат договор со играчите во наредните пет дена, клубот во јануари наредната година би можел да банкротира.

