26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШест лица во приватен дом: Kако коронавирусот се шири низ воздухот

Шест лица во приватен дом: Kако коронавирусот се шири низ воздухот

Ризикот од зараза е најголем во затворените простории, но може да се намали со примена на сите достапни мерки за борба против инфекцијата.

Подоле погледнете преглед на веројатноста за инфекција во едно сценарио засновано врз употребените безбедносни мерки и должината на изложеност.

Шест лица се собираат во приватен дом, од кои едниот е заразен. Околу 31% од епидемиите на коронавирус регистрирани во Шпанија се предизвикани од овој вид на собири, главно помеѓу семејството и пријателите.

Без оглед на тоа дали се одржуваат безбедни растојанија, ако шест лица поминат четири часа заедно зборувајќи гласно, без да носат маска за лице во просторија без вентилација, петмина ќе се заразат..

Ако се носат маски за лице, четири лица се изложени на ризик од инфекција. Само носењето маски нема да спречат инфекција доколку изложувањето е пролонгирано.

Ризикот од инфекција се спушта на еден кога групата користи маски за лице, го скратува времетраењето на собирот за половина и го проветрува просторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП