Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс даде разочарувачко предвидување за иднината на „црвените ѓаволи“.
– Мислам дека победата во Премиер лигата Манчестер Јунајтед не може да ја очекува порано од 10-12 години, ова е сто проценти. Сосема е можно ова да се случи за 15-20 години, особено ако Клоп и Гвардиола останат во Англија. Тие имаат и ресурси и силни фудбалери. Не мора да одите далеку на пример: истиот Ливерпул, освојувајќи ја титулата во 1990 година, веруваше дека наскоро повторно ќе станат шампиони, но на крајот мораше да почекаат 30 години. Дури и на Клоп му беа потребни 4,5 години да ја освои шампионската титула. Навистина е потребно многу време, нагласи Гигс.
Манчестер јунајтед ја освои последната титула во Англија во сезоната 2012/13, кога легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон ја одработи последната сезона во својата кариера.