13 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои го чуваат здравјето на мозокот

Намирници кои го чуваат здравјето на мозокот

Информациите за хранењето на мозокот и оптималното мозочно здравје и начинот како истите да ги вклопите во секојневата исхрана дефинитивно се работи кои може да ни бидат од полза. Вистинската храна за мозокот ќе ви помогне да останете во вистинска форма и да се справите со различните ситуации во текот на денот.

Еве кои намирници треба да се внесуваат за оптимално здравје на мозокот

Пченични зрна

Можеби веќе сте прочитале дека консумирањето на нискокалорична исхрана со ниско ниво на холестерол и висок процент на раситителни влакна помага срцевите заболувања да бидат под контрола, но она што можеби не сте го знаеле е тоа дека со намалување на срцевите заболувања доаѓа до подобар проток на крвта. Со помош на срцето крвта кружи низ телото и со тоа помага во подобрување на менталната состојба на човекот. Бидејќи работата на мозокот е условена од присуството на гликоза, истиот ќе работи само со соодветно присуство на шеќер во крвта.

Значи доколку нивото на концентрација е ниско или се чувстувате исцрпено, дозволете си доза на јагренохидрати во вашата исхрана. Овесна каша е совршено оптимална исхрана за мозокот. Таа е брза и лесна за подготовки и содржи протеини кои помагаат за бавно ослободување на јаглехидратите во организмот.

Боровинки

Ако се обидете да утврдите кои од сите плодови се извор на протеини за вашиот организам, никогаш не ги ставајте боровинките во втор план. Ти се најдобар извор на антиоксиданси кои го штитат мозокот од штетните последици на стресот во текот на денот. И без разлика дали се свежи, конзервирани или смрзнати ќе му направите вистинска услуга на организмот доколку ги вклучите во секојдневата исхрана.

Суво грозје

Сувото грозје е добро за мозокот, бидејки е добар извор на борон – важен елемент кој влијае на координирана работа на очите и рацете, меморијата и концетрацијата. Друг извор на борон се лешници, бадеми и сушени кајсии.

Кафе

Кога се консумира умерено, кафето дава енергија и помага за подобрување на концентрацијата. Тоа ја стимулира краткотрајната меморија и може да помогне во решавањето на проблеми, затоа што ја зголемува будноста. Кафето ги има тие својства поради присуството на кофеин, кој го има и во газираните пијалоци, чоколадото и енергетските пијалоци. Две до три кафиња дневно можат да ви помогнат подобро да се концентрирате, но ако претерате, ризикувате да станете нервозни.

Авокадо

Авокадото изненадувачки е присутно на секоја листа на здрава храна. Добрите протеини и масти кои ги содржи ја подобруваат циркулацијата на крвта, која е неопходна за правилно функционирање на мозокот. Сепак, треба да се внимава со консумацијата на авокадо, затоа што е висококалорична храна.

Кари

Ако сакате зачинета храна, нема подобар избор на зачин од карито. Карито содржи турмерик (куркумин), жолт зачин кој што е одличен антиоксиданс и има антивоспалителни својства. Истражувањата го поврзуваат со забавување на стареењето на мозокот, намалување на ризикот за Алцхајмерова болест и подобрување на состојбата кај пациенти со депресија и шизофренија.

Јајца

Друг важен елемент кој влијае на работата на мозокот е холинот. Тоа е супстанца која го потикнува процесот на размислување и која му помага на мозокот да се запамети информациите кои ги добива, особено белката во нив.

Значи кога на повидок имате ментално исцрпувачки ден, пред да тргнете да работа земете неколку јајца. Холинот исто така е доста присутен и во компирите, доматите и бананите.

Темно чоколадо

Уште една добра вест за обожавателите на чоколадото. Темното чоколадо на различни начини помага за изострување на умот и подобрување на краткотрајната меморија. Но, внимавајте да избирате темно чоколадо, затоа што содржи повеќе какао. Темното чоколадо содржи антиоксиданси и кофеин, а исто така го стимулира и создавањето на ендорфини кои го подобруваат расположението. Умерената консумација на темно чоколадо докажано го намалува ризикот од мозочен удар.

Ако пак сакате вистинската храна за мозокот да биде приготвена во тенџере, добро подготвената брокула во која ќе додете семки од сончоглед е тоа што барате. Храна која е богата со витамини А и Е – две хранливи состојки кои го хранат мозокот и спречуваат појава на Алцхајмерова болест.

Наредниот пат кога ќе ги споредувате калориите во ручекот кој треба да го изедете размислите на хранливоста на она што го внесувате. Затоа што хранливоста не оди секогаш правопропорционално со бројот на калории. Само со активна заложба за внесување на здрава храна не само што ќе ја оптимизирате вашата продуктивност на работа, ќе ја подобрите состојбата на мозокот туку и долгорочно ќе го продолжите својот животен век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП