25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Carrefour“ објави најголемо зголемување на приходите од продажба во последните 20 години

„Carrefour“ објави најголемо зголемување на приходите од продажба во последните 20 години

Најголемиот европски трговец на мало „Carrefour“ во третиот квартал објави најсилен раст на своите главни приходи од продажба по последните две децении, како одраз на неговите подобри перформанси на клучните пазари како Франција, Шпанија и Бразил, пренесува „Reuters“.

Француската компанија објави дека оди кон стратешка реорганизација која има за цел да ги поддржи своите приходи и профити. Компанијата се придржува до сите свои цели од сегашниот план.

„Приходите од продажба на „Carrefour“ за третиот квартал ја одразуваат одличната динамика во групата, што го потврдува успехот на планот за трансформација „Carrefour 2022““, изјави претседателот и извршен директор Александар Бомпар.

„Carrefour“ е во средината на својот петгодишен план, лансиран во 2018-та година, кој има за цел да ги намали трошоците и да ги зголеми инвестициите во трговијата преку Интернет за поддршка на приходите и профитот. Како и другите, компанијата се обидува да им конкурира на играчи преку Интернет, како „Аmazon“.

Исто така, компанијата се шири кон стоковните куќи за да ја намали зависноста од хипермаркетите, фокусирајќи се повеќе на органски производи и сопствени брендови.

Приходите од продажба на групата достигнаа 19,69 милијарди евра во третиот квартал. Растот достигна 8,4%, со исклучок на ефектите од горивата и ефектите од календарот, во споредба со 6,3% во претходниот квартал. Ова е најдобриот квартален учинок на „Carrefour“ во последните 20 години. Особено, тоа се одразува со посилните резултати во Франција, каде извршниот директор го постави за приоритет заживувањето од продажбата во хипермаркети.

„Carrefour“ продолжи да има корист од силната побарувачка на храна за време на пандемијата и падот на цените во Франција.

За време на блокадите наметнати од владата, клиентите претпочитаа супермаркети, близу до дома, стоковни куќи и купување преку Интернет. Откако Франција ја укина блокадата во средината на мај, продажбата на хипермаркети се подобри, а процесот се забрза во третиот квартал.

Приходите од продажба во француските хипермаркети на „Carrefour“ се зголемија за 2,5% во кварталот, откако паднаа за 3,6% во вториот квартал.

Во Бразил, вториот по големина пазар на компанијата по Франција, приходите од продажба скокнаа на 26% од 14,9% во вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП