Above Avalon е аналитичка платформа која ги следи перформансите на Apple на пазарот уште од првиот iPhone. Според наводите на Нил Сајбар, основач на компанијата, Apple достигна една милијарда активни телефони во текот на 2020 година.
Стапката на раст на базата на корисници на iPhone забави поради високата заситеност на пазарот. Во текот на последните три години, евидентирани се помалку нови корисници на iPhone. За 2020 година, очекувањата се дека 80% од корисниците ќе го надоградат постариот iPhone, а само еден од пет телефони ќе биде во рацете на нов корисник.

