Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место.
Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.

