19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TLC“ со прототип на смартфон кој се намотува и одмотува (ВИДЕО)

„TLC“ со прототип на смартфон кој се намотува и одмотува (ВИДЕО)

Кинеската компанија „TLC“, која до неодамна ги поседуваше правата за производство на уреди со брендот „Blackberry“, работи на паметен телефон чиј екран може да се намотува. Производителот веќе има целосно функционален прототип.

Според Рос Јанг, аналитичар во „DisplaySearch“, „TCL“ не само што сака да започне со производство на уреди со екрани што може да се прошират, туку и дека нема да се чека долго време за тоа.

„TCL“ најпрво ги објави своите планови за создавање на фундаментално нов фактор на форми за модерни смартфони во јануари 2020-та година на саемот за потрошувачка електроника „CES 2020“. Во тоа време, сепак, не беа прикажани прототипови или концепти. На саемот „IFA 2020“ што се одржа во септември 2020-та година, претставниците на компанијата повторно потсетија на постоењето на таквата технологија, но изјавија дека дефинитивно нема да лансираат уреди со вакви дисплеи до крајот на 2020-та година.

Екранот што се користи во прототипот е со „OLED“ технологија. Според порталот „MSPowerUser“, „TCL“ такви екрани „печати“ со помош на специјални „инк-џет печатари“ на флексибилна основа.

Кога се собира, работната површина на екранот е 4,5 инчи, што е значително помалку од дисплеите на современите паметни телефони. Кога се расплетува, дијагоналата се зголемува на 6,7 инчи.

Според претставниците на „TCL“, инженерите на компанијата досега успеале да ја зголемат еластичноста на екранот на значителни нивоа. Таквиот панел може да издржи најмалку 200.000 собирања и одвиткувања. Истиот ресурс го демонстрираат паметните телефони „Samsung Galaxy Fold“ и „Z Fold 2“, кои имаат екрани за преклопување.

Техничките карактеристики на претстојниот можен паметен телефон сè уште не се откриени. Компанијата не прецизира под кој бренд планираат да го пуштат во продажба – на списокот на брендови во сопственост на „TCL“, ги вклучува „Alcatel“, „Thomson“ и „Palm“. Интересно е да се додаде дека јужнокорејската компанија „LG“ работи и на паметен телефон чиј екран може да се собира. Во декември 2018-та година, таа дури и патентираше таков уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП