18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРазвој на 6G мрежата е веќе започнат, а 5G сè уште не...

Развој на 6G мрежата е веќе започнат, а 5G сè уште не е стигната кај нас

Новиот iPhone кој поддржува 5G треба да се појави до крајот на октомври, но извршниот директор на AT&T смета дека Apple не треба да биде премногу оптимист за успех на пазарот.

Apple веќе објави дека од добавувачите нарачал 75 милиони 5G iPhone телефони, кои планира да ги испорача низ целиот свет. Сепак, шефот на AT&T рече дека само некои луѓе ќе бидат подготвени да платат за брзина слична на домашниот широкопојасен интернет, но дека повеќето ќе бидат задоволни со користење на 4G технологијата.

Тој додаде дека долго најавуваните 5G телефони нема да останат незабележани, но дека потрошувачите, соочени со економија оштетена од пандемијата, ќе одлучат да заштедат пари.

5G технологијата се смета за иднина на интернетот поради неговата многу поголема брзина која ќе може да „отклучи“ напредни технологии како што се автономни автомобили и паметни уреди.

Сепак, првичните реакции на пазарот не се баш сјајни, бидејќи голем дел од овие напредни технологии или не се развиени, или се корисни само за големите бизниси, пишува CNBC.

Во меѓувреме, AT&T објави дека нивните инженери веќе работат на 6G технологија, но исто така и дека безжичниот интернет секогаш ќе заостанува зад оптичките кабли насочени директно до домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП