24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен смартфонот „Mate 40 Pro“ (ФОТО/ВИДЕО)

Претставен смартфонот „Mate 40 Pro“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Huawei“ официјално го претстави својот најнов премиум телефон, моделот „Mate 40 Pro“. Телефонот има закривени рабови на екранот и околу екранот, чипсет 5nm со поддршка за 5G и голема брзина на полнење.

Телефонот има 6,76 инчен „OLED“ дисплеј со „QHD“ (1344 x 2772p) резолуција, брзина на освежување од 90Hz и дисплеј во боја „DCI-P3“. Во горниот лев агол на екранот има издолжен отвор „punch-hole“ за главната селфи камера од 13MP (f / 2,4) и дополнителен „3D depth sensing“ сензор, кој се користи и за откривање на гестови на рацете. Предната камера може да снима 4K видео.

На задната страна на моделот „Mate 40 Pro“ е поставен систем на камера, кој вклучува 50MP главен сензор (f / 1,9, 23mm) со поддршка за „PDAF“, оптичка стабилизација на слика и 4K видео снимање. „Ultra Vision“ камерата, со брендирање „LEICA“, има дво-тон „LED“ блиц и сензор за амбиентално светло.

Други камери вклучени во телефонот се од 12MP (оптички зум од 5x, f / 3.4, OIS, телефото перископ од 125 mm и поддршка на „PDAf“), ултра-широк фотоапарат од 20MP (f / 1.8), како и сензор за длабочина со ласерски автофокус.

„Huawei Mate 40 Pro“ работи со чипсет „Kirin 9000“, создаден во 5nm технологија и со поддршка за 5G мрежи. Чипсетот доаѓа во комбинација со 8 GB RAM и 256 GB простор. Батеријата има капацитет од 4.400mAh, со поддршка за 66W брзо полнење и 50W безжично полнење (има поддршка и за обратно безжично полнење).

Кога станува збор за биометриска поддршка, телефонот има вграден сензор за отпечатоци под екранот, а исто така е присутен и систем „3D Face Unlock“. Другите карактеристики вклучуваат поддршка за 160MHz Wi-Fi 6+, стерео звучници, „Smart AOD“, сертификација „IP68“ за отпорност на вода и прашина.

„Mate 40 Pro“ доаѓа со кориснички интерфејс „EMUI 11“ базиран на „Android 10“ (Huawei Mobile Services), и ќе биде достапен во варијанти на „Mystic Silver“ и „Black“. Уредот ќе се продава во Европа по цена 1.200 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП