20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако правилно да се перат платнените маски? Еве што советуваат експертите

Како правилно да се перат платнените маски? Еве што советуваат експертите

Платнените маски помагаат да се забави ширењето на Ковид-19. Но, за тие да имаат поголема корист отколку потенцијална штета, тие треба да бидат чисти. Еве како да ги исчистите според стручните совети на експертите.

Маските треба редовно да се перат. Важно е секогаш да ги вадите правилно и да ги миете рацете откако ќе допрете користена маска. “Schi Tech Daily” дава упатства за чистење маска кои ги издаде Американскиот центар за контрола и превенција на болести(CDC).

Како да исчистите носена маска?

Во машина за перење: можете да ја перете маската заедно со другите алишта. При перење, користете вообичаен детергент за алишта, на највисока можна температура на водата која одговара на материјалот што треба да се испере.

Рачно перење: проверете дали избелувачот што го имате при рака е воопшто за дезинфекција. Некои производи за белење, како што се оние дизајнирани за безбедна употреба на облека во боја, можеби не се погодни за дезинфекција.

Употреба на избелувачи

Користете избелувач што содржи помеѓу 5,25 и 8,25 проценти натриум хипохлорит. Не користете избелувач ако процентот не е во тој опсег или не е наведен. Проверете дали производот за белење има добар рок на траење.

Никогаш не мешајте избелувач за домаќинство со амонијак или кое било друго средство за чистење.

Обезбедете соодветна вентилација на просторијата.

Како да ја исушите маската?

Сушална: користете највисока температура и оставете ги маските да се исушат целосно.

На сув воздух: поставете ги и оставете да се исушат целосно. Ако е можно, оставете ги маските да се сушат директно на сончева светлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП