ИНТЕРЕСНО

Гризман е ужасен во Барса, не може да го погоди голот

По долга и мачна „сапуница“ минатата година Антоан Гризман од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра прејде во редовите на Барселона. Управата на Каталонскиот клуб сметаше дека тандемот Меси-Гризман ќе гази се пред себе, но до сега тоа не е случај.

Зад Барселона е една од најлошите сезони во клупската историја, а Французинот се покажа како тотално промашување. Гризман со Франција и Гризман во Барселона – како да не е ист човек.

Во првите 4 кола од Ла Лига се истакна со промашувањата, а не постигна ниту еден гол.

Во првите 3 кола Куман го користеше како десно крило, а синоќа против Хетафе го стави во средината на нападот. Ниту тоа не помогна.

Статистиката вели дека Гризман од 28 последни шута кон противнички гол, дури 26 топки поминале покрај голот.