Пандемијата на коронавирус силно ја погоди хотелската дејност на Кристијано Роналдо. Откако се зарази и изолираше две недели, петкратниот добитник на „Златната топка“ сега мораше да чуе уште една лоша вест. А тоа е дека ќе биде принуден да ги затвори двата хотели во Португалија затоа што има пад на резервациите за 80 отсто поради пандемијата.
Еден од нив е во неговиот роден Фуншал на островот Мадеира, а другиот е во главниот град Лисабон.

