Бразилскиот напаѓач Нејмар ноќеска постигна хет-трик во квалификациски дуел за Светското првенство 2022 против Перу. Средбата во Лима заврши со триумф на кариоките од 4:2.
Со трите погодока Нејмар стигна до 64 на своето конто во репрезентативниот дрес. Легендарниот Роналдо во кариерата дојде до 62 погодока.

