26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали можеби сте биле заразени со Ковид-19, а да не сте знаеле?Лекарите...

Дали можеби сте биле заразени со Ковид-19, а да не сте знаеле?Лекарите открија седум знаци кои покажуваат дали сте имале коронавирус

Без разлика дали сте имале „тешка настинка“ минатата зима или неодамна сте се бореле со кашлица која не престанува, природно е да се прашувате дали можеби сте имале Ковид-19 без да бидете свесни за тоа. Особено сега кога експертите за инфективни болести велат дека вирусот веројатно веќе се ширел пред градовите да започнат да воведуваат карантин и пред да бидат воведени мерки за спречување на ширењето на вирусот.

„Како одминуваше времето, стана јасно дека се работи за вирус кој е распространет низ целиот свет, особено во понаселените области“, вели др. Вилијам Шафнер, специјалист за инфективни болести.

Дали можеби сте биле заразени со Ковид-19, а да не сте знаеле? Можно е.

„Повеќето луѓе кои имаат коронавирус имаат полесни случаи на инфекција и не можат да се разликуваат од настинка или грип“, објаснува експертот за заразни болести Амеш А. Адаља, од Центарот за здравствена безбедност на Џон Хопкинс.

Покрај тоа, некои луѓе воопшто немаат симптоми – до 40 проценти од инфицираните, според проценките на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC).

За жал, не постои начин со апсолутна сигурност да се утврди дали болеста со која се соочивте минатата зима била Ковид-19 или неодамна сте имале асимптоматски случај.

Експертите велат дека некои знаци може да бидат сигнали дека можеби веќе сте имале Ковид-19.

Сте имале „тешка настинка“

На почетокот на пандемијата, луѓето веруваа дека Ковид-19 се појавил во некои земји многу пред февруари или март. Новото истражување на Универзитетот во Тексас го посочува спротивното.

Истражувачите анализирале брисеви од грло земени минатата зима од луѓе за кои постои сомневање дека имаат грип. Овие брисеви биле земени во Вухан и Сиетл.

Истражувачите откриле дека на секои два случаи на грип, имало еден случај на Ковид-19. Како резултат на тоа, тие веруваат дека Ковид-19 веројатно пристигнал во САД некаде околу Божиќ.

Без тест, било тешко да се разликува настинка од лесна форма на Ковид-19, во зависност од тоа какви симптоми имате, вели Адаља, но настинката обично не предизвикува отежнато дишење, сериозни главоболки или гастроинтестинални симптоми, кои може да ги предизвика Ковид-19.

Го изгубивте чувството за мирис и вкус

Губењето на мирис и вкус е еден од симптомите на Ковида-19. Иако овој симптом не се јавува кај сите, д-р Адаља посочува дека сега тој е цврсто поврзан со новиот коронавирус.

Важно е да се знае дека е можно привремено да се изгубат овие сетила за време на други респираторни состојби, како што се настинки, грип, синусни инфекции, па дури и за време на сезонски алергии.

Но, експертите истакнуваат дека овој симптом, дури и по закрепнувањето од Ковид-19, кај некои луѓе може да трае со месеци.

Необјаснето опаѓање на косата

Иако овој симптом не е широко проучуван, многу луѓе кои се опоравиле од коронавирусот, пријавуваат проблеми со опаѓање на косата.

„Малку е веројатно дека едноставно би изгубиле повеќе коса отколку вообичаено, без да имате други симптоми на Ковид-19, како што се кашлица или треска“, вели д-р Адаља.

Исто така е важно да се напомене дека опаѓањето на косата може да се случи поради стрес, вели тој, и сите знаеме дека пандемијата исто така донесе голема количина на стрес.

Останувате без здив

Студија објавена во списанието ЈАМА откри дека луѓето со коронавирус можат да ги почувствуваат последиците на вирусот, вклучително и отежнатото дишење. Не е целосно јасно зошто се случува ова или колку долго може да трае, но веројатно се должи на воспалението на градите.

„Ова е едно од познатите долгорочни ефекти кај луѓето со дијагностициран Ковид-19“, вели др. Шафнер.

Продолжена кашлица

Продолжената кашлица е уште еден симптом за кој дискутираат учесниците во студијата ЈАМА. Кашлицата е често сува, што значи дека со неа не се појавува слуз, вели др. Адаља.

Ова е прилично чест симптом. Податоците на CDC откриле дека 43 проценти од луѓето кои имале Ковид-19 сепак кашлале од 14 до 21 ден откако добиле позитивен тест за вирусот.

Постојан замор

Според студијата на ЈАМА, ова е еден од најчестите долгорочни симптоми откако едно лице ќе преживее Ковид-19. Ова го покажало и истражување кое открило дека 53 проценти од пациентите рекле дека се борат со замор дури и 60 дена откако првпат ги почувствувале симптомите на вирусот.

„Гледаме некои луѓе кои имале лесна форма на болеста, а кои сè уште се чувствуваат уморно некое време“, вели др. Адаља и додава дека во моментот не е целосно јасно зошто се случува ова.

Може да биде начин на кој имунолошкиот систем реагира на вирусот или едноставно начин на кој вирусот делува во организмот.

Имајте на ум дека заморот е навистина чест проблем и може да биде знак на многу различни здравствени проблеми, вклучувајќи, се разбира, недоволно спиење.

Други причини

Се разбира, има многу други компликации за кои експертите можеби дури и не знаат.

Ако се чувствувате лошо и симптомите ви се трајни, д-р. Шафнер вели дека е добра идеја да се посети лекар, без оглед дали мислите дека е поврзано со Ковид-19 или не, пишува Prevention.

Иако сите овие симптоми може да бидат показател дека сте имале Ковид-19, тие исто така можат да бидат предизвикани од други болести.

„Секако е познато дека продолжената кашлица и замор можат да бидат резултат на грип – само затоа што ги имате не значи дека сте имале Ковид-19“, вели др. Шафнер.

Во секој случај, важно е да продолжите со практицирање на превентивните методи, како што се носење маска, редовно миење на рацете и одржување на пропишаното физичко растојание за да се заштитите себеси и другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП