Македонија синоќа со победата над Косово (2:1) дојде на чекор до пласман на Европското првенство наредната година. Противник во баражот на Македонија ќе и биде Грузија во Тбилиси на 12 ноември.
Евентуалниот пласман на Европското првенство на Македонија ќе и донесе рекордна сума на пари. Доколку избраниците на Игор Ангеловски ја минат Грузија само за пласманот на континенталниот шампионат од УЕФА ќе добијат 9.250.000 евра.

