Доколку ја „закачивте“ сезонската настинка, искористете две природни зимски состојки и победете ја настинката за само два дена. Благотворните дејствија на медот на сите им се добро познати, додека циметот се смета за еден од најздравите зачини.
Кога станува збор за настинка, комбинацијата на овие две состојки е доста делотворна. Во еден децилитар млака вода помешајте една лажичка мед и две лажички цимет во прав. Мешајте додека медот не се стопи.

