Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ влезе како замена и ги постигна двата гола за Србија да стигне до 2:1 победа кај Норвешка и да се пласира во финалниот бараж за пласман на Евро 2021, против Шкотска, која на пенали го мина Израел.
Милинковиќ-Савиќ, кој честопати беше критикуван за своите настапи за репрезентацијата, влезе во игра како замена во 80-тата минута од мечот при 0:0, и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелците. Норвежаните во 88. минута израмнија преку Норман, а во продолженијата, популарниот СМС постигна еден навистина неверојатен гол за продолжување на сонот за Евро 2021.

