20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековитата моќ на калинката

Лековитата моќ на калинката

Освен што е хранливо овошје богато со антиоксиданси, со векови калинката се смета за симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот, а посебно е препознатлива по сокот, семките и маслото.

Записи за калинката можат да се пронајдат во повеќе култури и религии, а се смета за едно од најстарите овошки што му биле познати на човекот.

Повеќето истражувања потврдуваат дека станува збор за едно од најлековитите овошја на светот поради корисното влијание на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот состав.

Содржи голема количина витамин Ц, одличен извор е на витамин Б5, калиум, органски киселини и шеќери.

Состојките на калинката го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата, а ги спречува и промените што го поттикнуваат растот на туморите.

Докажано е дека една чаша дневно сок од калинки има посилно антиоксидантно дејство од чаша црвено вино или зелен чај.

Сокот од калинки помага при намалување на ризикот од неколку видови рак, штити од остеопороза, го подобрува имуниот систем, ги чува забите, ги уништува бактериите како ешерихија коли и стафилококи.

За подобар имунитет, експертите советуваат консумација од 2,5 децилитри свежо цеден сок од калинки.

Исто така, калинката изобилува со фитоестрогени што ги олеснуваат симптомите на менопауза и предменопауза, промената на расположение, ноќното потење и недостигот на либидо.

Ја подобрува ерекцијата и го зголемува квалитетот на спермата.

Употребата на калинки во домаќинството е голема, од нив се подготвуваат колачи, сирупи, сокови, ликери, вино, оцет и чај.

Маслото од калинки е идеално за масажа, а може да се употребува орално и локално. Од него се прават сапуни, како и луксузна козметика за лице и други производи за убавина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП