13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХидинк си замина од Анжи

Хидинк си замина од Анжи

hidink

Холандскиот стручњак Гус Хидинк поднесе неотповиклива оставка на функцијата тренер на рускиот тим Анжи Махачкала.

Оваа вест пристигна многу неочекувано, ако се знае дека Холанѓанецот пред скоро еден месец го продолжи својот договор со рускиот клуб за уште една година.

„ Раководството на Анжи го прифати барањето на тренерот за прекин на соработка. Ние сме му благодарни на Хидинк за неговиот придонес во клубот во изминативе години и му посакуваме многу успех во неговата кариера“, стои во соопштението кое Анжи го испрати до медиумите.

Челниците на рускиот клуб експресно најдоа замена за веќе поранешниот тренер Гус Хидинк, кој ќе биде наследен од неговиот сонародник Рене Муленстин, кој минатата сезона беше еден од асистентите на Сер Алекс Фергусон во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

По заминувањето на Хидинк од Анжи странските медиуми веќе почнаа да го поврзуваат неговото име со Барселона која бара наследник на тренерот Тито Виланова кој минатата недела се повлече од функцијата тренер на каталонскиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП