Само една победа го дели тимот на Лос Анџелес лејкерс од освојување на титулата во НБА лигата. „Езерџиите“ рано утрово во четвртиот меч од финалната серија во плејофот го совладаа Мајами хит со 102:96 и поведоа со 3-1.
Леброн Џејмс вообичаено беше најдобар кошаркар во победничкиот тим. На „кралот“ му фалеа два асистенции за трипл-дабл. Тој мечот го заврши со 28 поени, 12 скокови и осум асистенции. Се истакна и Ентони Дејвис со 22 поена, девет скока и четири асистенции.

