26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДетокс диета со супи од зеленчук

Детокс диета со супи од зеленчук

Заборавете на соковите! Супите од органски зеленчук се вклучени во детокс диетата „Soup Cleans“ која стана многу популарна во светот.

Во потрага за исхрана која што е богата со витамини, а има низок гликемиски индекс, сопственичката на кетеринг сервисот „Real Food Works“, Лусинда Дункалф, којашто на вработените Американци им врши достава на здрава храна, заедно со нејзиниот тим ја осмисли диетата „Soup Cleans“.

Диетата е многу едноставна и се држи до едноставен режим кој се содржи од шест едноставни супи кои не содржат соја, глутен, тестенини, ниту пак производи од животинско потекло.

Супите воглавно се направени од зеленчук и можат да се јадат и студени и топли. Ваквите супи можете да си ги направите и сами дома, така што во нив ќе додадете само зеленчук исклучиво свеж, без масло и половина од зачините кои ги користите вообичаено.

Треба да изедете 6 вакви супи распределени во текот на денот, менувајте го зеленчукот секојдневно и ставајте повеќе видови зеленчук со цел супата да биде побогата со хранливи состојќи.

Како предлог во супата можете да ставите, моркови, брокула, тиквички, целер, магдонос, домати, пашканат, кромид, пченка, грашок, боранија, спанаќ, карфиол и многу др.

DSC_5135

Но, се поставува едно прашање: дали навистина можете да ослабите од еднодневна диета? Сега за сега, мислењата во врска со ова на стручните лица се поделени, но тие се едногласни кога станува збор за тоа дека со ваквиот режим на исхрана дигестивниот тракт навистина се „одмара“, но за жал, само привремено.

Затоа, ваквата диета можете да ја повторите 3 дена по ред, но не и подолго, и не треба да се применува во наредите два месеци повторно, таа ќе ви помогне да ги намалите килограми но сепак пред нејзината употреба треба да сте комплетно здрави и да не примате терапија со лекови.

Сепак, ќе се согласиме дека оваа диета е многу подобра од диетите со сокови, бидејќи супите со органски зеленчук имаат далеку повеќе хранливи состојки и понизок гликемиски состав од соковите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП