10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ100 најуспешни франшизи во светот

100 најуспешни франшизи во светот

Subway-1_Iulius-Mall-Cluj_mai-2012-1

Според листата на порталот „FranchiseDirect.com“ најуспешните франшизни системи и натаму доаѓаат од Америка. Меѓутоа меѓу првите 100 се повеќе има брендови од Европа.

Тој портал и оваа година ја објави својата ранг листа на 100 најуспешни франшизни системи во светот (Top 100 Global Franchises 2013).

Како и претходните години на врвот на листата цврсто се држат најпознатите брендови на „fast food“ ресторани.

Првото место го задржа „Subway“, најмногу благодарејќи на забрзаното ширење на мрежата во последните неколку години. Според последните информации „Subway“ се ближи до бројката од 40.000 ресторани и сега веќе убедливо се наоѓа пред поранешниот светски број еден „McDonald’s“.

Вртоглавиот раст на бројот на деловни единици доживеаа и уште неколку брендови за облека кои се на врвот на листата. Најголемо изненадување е „7-Eleven“, трговскиот прехрамбен ланец кој се најде на второто место. Компанијата својата мрежа во принцип ја развива во САД, Азија и северна Европа, а моментално има скоро 45.000 продажни места.

Минатата година „7-Eleven“ беше на четвртото место и со овој скок го потисна „McDonald’s“ на третата позиција. Меѓутоа нетреба да се заборави и „McDonald’s“ е меѓу компаниите кои оваа година забележа значаен пораст на единиците. Четврото и петото место исто така им припадна на ресторани за брза услуга, компаниите „KFC“ и „Burger King“.

Како што можете да забележите сите пет најуспешни системи доаѓаат од САД.

Доминацијата на франшизните системи со американско потекло не е изненадување. Фрашизата како една од најпосакуваните и најупешните модели за ширење и започнување на работа, својот полн развој го доживеа токму во САД, а официјалните податоци покажуваат и дека 70 проценти од американската економија се заснова на работењето со франшиза.

Мала, но значајна промена веќе се забележува на оваа листа. Додека во Топ 100 за 2012-та имаше само 7 компании кои не се од Америка или Канада, оваа година има 11 рангирани кои доаѓаат од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Австралија и Јапонија.

Од европските франшизни системи својата позиција ја зацврсти хотелскиот ланец „InterContinental Hotels Group“ од Велика Британија, така што од 13-то место од минатата година, сега се искачи на 10-та позиција. Француските брендови имаат добри позиции, „Europcar“ (12), „Carrefour“ (13), „Yves Rocher“ (30) и „5ásec“ (57), a интересно е дека „Carrefour“ и „5ásec“ за прв пат се појавуваат на оваа листа.

Меѓу привте 100 се наоѓаат три системи од Шпанија, трговскиот ланец „Dia“ (15), „No Mas Vello“ (84) и „Naturhouse“ (91).

„FranchiseDirect.com“ следи околу 5.000 франшизни системи од целиот свет, а успешноста на концептот го проценува на основа на броењето на работните единици, приходот од продажбата, стабилноста и растот на мрежата, бројот на години во франшизниот ситем, поддршката која ја нудат кон примателите на франжизата и односот кон животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП