22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ ја зголемува предноста пред „Huawei“ на пазарот на смартфони

„Samsung“ ја зголемува предноста пред „Huawei“ на пазарот на смартфони

„Samsung“ ја зголемува предноста пред „Huawei“ на глобалниот пазар на паметни телефони, потпомогната од проблемите со кои се соочува кинеската компанија поради санкциите на САД.

Во август, „Samsung“ учествуваше со 22% удел во пратките на паметни телефони ширум светот, во споредба со 16% за „Huawei“, според „Counterpoint Research“. Разликата од 6 процентни поени меѓу двете компании е најголема од февруари 2020-та година, кога кинескиот пазар претрпе длабок пад како резултат на пандемијата на коронавирусот Ковид-19.

„Samsung“ го загуби првото место од „Huawei“ на глобалниот пазар на паметни телефони во април, но ја врати својата позиција подоцна, благодарение на закрепнувањето на индискиот пазар. Јужнокорејскиот производител го проширува своето присуство во Индија, кој е втор по големина пазар на паметни телефони во светот, поттикнат од растечките антикинески расположенија во земјата.

Според аналитичарите од „Counterpoint Research“, американските санкции против „Хуавеи“ ќе им помогнат на „Samsung“ и другите брендови на паметни телефони да ја подобрат својата позиција. „Samsung“ ќе се натпреварува со „OnePlus“, „Oppo“, „Realme“, „Vivo“ и „Xiaomi“ во уредите со буџет и среден опсег во Европа.

„Ова ќе биде добра можност за „Samsung“ да го зголеми својот удел на пазарот на паметните телефони, особено во Европа, каде што компанијата се натпреварува жестоко со „Huawei“ во различни опсези на цени“, рече Канг Мин Су, аналитичар во „Counterpoint Research“.

„Apple“, кој сочинува 12% од пратките, ги затвора првите 3 на глобалниот пазар на паметни телефони во август. Следи кинеската „Xiaomi“ со удел на пазарот од 11%.

Во вториот квартал од 2020-та година, просечната продажна цена на паметните телефони е за 10% повисока во споредба со истиот период во 2019-та година, покажуваат податоците на „Counterpoint Research“. Порастот на цените е факт, и покрај рекордниот пад од 23% на годишно ниво во испораките во последниот квартал. Како резултат, приходите во индустријата за паметни телефони во април-јуни 2020-та година се намалија за 15% во споредба со истиот период од минатата година.

Паметните телефони поскапеа во скоро сите региони на светот: во Северна Америка за 7%, во Кина за 13%, во азиско-пацифичкиот регион за 11%, на Блискиот исток и Африка за 3%, во Европа за 1%. Единствен исклучок е пазарот во Латинска Америка, кој објави пад на просечната продажна цена од 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП