25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.10.2020

Дневен хороскоп 02.10.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тргнете храбро кон решавањето на егзистенцијалните проблеми, зашто во претходниот период непотребно се пасивизиравте и им се предадовте на ограничувачките фактори. Затоа, ако сакате да отворите нова похармонична перспектива, ќе мора да ја активирате силата и да покажете дека победничкиот и оптимистички дух се уште не ве напуштил.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ѕвездите укажуваат дека не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство ве научи излезот од кризата да го постигнете со сопствени сили. Затоа, верувајте во тоа што го поседувате, отворете се за новите доживувања и престанете да гледате негативно кон сe што ве опкружува.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе направите голема грешка, доколку станете подложни на надворешните сугестии и се обидете со манифестирање на нервозата да напредувате кон целта. Затоа, најважно е да ја следите сопствената визија и да воспоставите сериозни контакти во деловната, но и во емотивната сфера.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете оптимистички расположени и насочете ја својата енергија кон конструктивните и продуктивни цели на животот. Ѕвездите укажуваат дека не треба да се преоптоварувате со слабостите што ви беа присутни во минатото, туку манифестирајте ја својата духовност и креативност и направите нешто добро за себе и за другите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Покажете дека умеете да им се предадете на задоволствата во љубовта, односно не чекајте убавите случувања да ви паднат од небо. Имено, ако реагирате правовремено, поставеноста на ѕвездите ветува големо ниво на страст и романтика.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Како мислите да излезете на крај со непродуктивната ситуација, кога постојано размислувате и кроите планови, а ништо не преземате работите да се помрднат од мртвата точка. Ако сакате да направите нешто позитивно, ќе мора да отстапите од утврдените правила на однесување и да го прифатите интуитивното чувство.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не треба да се држите за старите непродуктивни ситуации, туку храбро и решително тргнете кон новите освојувања, зошто поседувате сила и квалитет за воспоставување хармонични односи во љубовта, односно работата. Затоа, не оставајте ништо на случајот и не дозволувајте да ве понесат потешкотиите на материјален план.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема да се извлечете од стагнацијата, ако не преземете иницијатива и не ги отворите можностите за остварување хармонична перспектива во односот со лицето кое ве стимулира и привлекува. Ѕвездите ве советуваат да заборавите на гордоста и да ја надминете тврдоглавоста, бидејќи со ограничување на прогресивната енергија, неминовно ќе се соочите со статус кво ситуацијата.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ослободете се од непродуктивните размислувања, определете се за патеката на движење која ќе ве одведе кон целта, односно елиминирајте ја конфузноста и желбата за моментално реализирање во повеќе сфери од животот. Ѕвездите укажуваат дека неизвесноста и надворешните ограничувања и понатаму ќе бидат присутни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не потпаѓајте под туѓото влијание, следете си го сопствениот пат и активирајте ги интуитивноста и аналитичноста, пред да влезете во каква било соработка со другите. Всушност, поставеноста на ѕвездите кон вашиот знак не е најсовршена, така што не ви се препорачуваат ризични активности.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете подготвени за постепено соочување со најразличните искушенија, бидејќи ѕвездите укажуваат дека е дојдено вистинското време за манифестирање на прогресивноста, храброста и трансформацијата во сите сфери од животот. Затоа, доволно исчекувавте надворешните фактори да ви ја создадат хармонијата, така што ќе мора со сопствени сили да се фатите во костец со ограничувањата и да покажете дека не стравувате од предизвиците и непознатото.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Променливото расположение и потребата за одмор и релаксација, максимално ќе доминираат, така што не е добро премногу да ја трошите енергијата на лица и настани кои не ветуваат успех и задоволство. Сепак имајте на ум дека постојат и солидни предиспозиции за елиминирање на потешкотиите, поради што верувајте во сопствените вредности и аналитички движете се кон целта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП