24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Mate 40 би можел да биде претставен на 15-ти октомври

Huawei Mate 40 би можел да биде претставен на 15-ти октомври

Претставувањето на овогодинешната линија на „Mate 40“ телефоните е одложено поради санкциите кои кон „Huawei“ ги наметна САД.

Веќе се појавија гласини за тоа дека серијата „Mate 40“ ќе биде претставена во средината на октомври, а сега новите информации велат дека тоа ќе се случи на 15-ти октомври.

„Huawei“ се уште нема ништо официјално објавено кога станува збор за серијата „Mate 40“. Се претпоставува дека серијата ќе ја сочинуваат дури четири уреди: „Mate 40“, „Mate 40 Pro“, „Mate 40 Pro+“ и „Mate 40 PS Porsche Design“.

Новите информации исто така сугерираат дека глобалното претставување на серијата „Mate 40“ ќе биде одржана на 17-ти октомври. Претходно се појавија информации дека телефоните од „Mate 40“ серијата на интернационалните пазари ќе стигнат во текот на 2021-ва година, додека на кинескиот пазар ќе почнат да се продаваат од 22-ри октомври.

Гласините од претходно споменуваа дека „Huawei Mate 40“ ќе има чипсет „Kirin 9000E“, додека „Mate 40 Pro“ и „RS Porsche Design“ моделите би можеле да користат помоќен чипсет „Kirin 9000“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП