29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДронот на Амазон се грижи за безбедноста на вашиот дом, но покренува...

Дронот на Амазон се грижи за безбедноста на вашиот дом, но покренува и бројни прашања (ВИДЕО)

Уредот е автономен, со што сопственикот го програмира неговото двишење.

Најновиот гаџет на компанијата Ring, кој е во сопственост на Amazon, предизвика големо внимание во јавноста, но и бројни сомнежи.

Тоа е летачка безбедносна камера, дизајнирана да ја пренесува ситуацијата во вашиот дом во живо. По завршувањето на задачата, таа се враќа во стационарната база, каде што се снабдува со енергија. Развојот на малиот дрон траел две години.

Основачот и главен дизајнер на Ring, Џејми Симиноф, објаснува дека „Always Home Cam“ обезбедува целосен надзор над домот, без потреба од сложени системи, кои обично се состојат од повеќе камери.

Сопственикот ја програмира маршутата

Дронот е автономен, а сопственикот ја програмира неговата траекторија. Откако ќе го инсталирате, поставувате дневна маршута, да кажеме обиколка во кујната, подрумот, дневната соба…

Може да се активира мануелно во било кое време или автоматски (ако добие сигнал од алармот поставен дома). Додека дронот е на базната станица, камерата е исклучена.

„Always Home Cam“ се планира да се најде на пазарот следната година, по цена од 250 долари, објави производителот.

Загриженост и важни прашања

Колку и да изгледа уредот практичен, тој покренува низа прашања, пред се за безбедноста.

Странските портали специјализирани за технолошка иновација, како што е Verge, не пропуштија да побараат одговори. Во денешниот текст ви ги претставуваме најважните:

1) Како уредот ја мапира куќата? Каде се чуваат овие фотографии?
2) Може ли некој од компанијата Ring да управува со дронот?
3) Дали хакерите можат да го преземат дронот и да го вклучат?
4) Дали полицијата може да побара активирање на камерата?
5) Колку долго може да лета?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП