20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ300.000 примероци од овој смартфон се продадени за 1,8 секунди (ВИДЕО)

300.000 примероци од овој смартфон се продадени за 1,8 секунди (ВИДЕО)

Паметниот телефон со екран на преклопување „Royole FlexPai 2“, кој беше пуштен во петокот во продажба, „пред“ онлајн проданицата го чекале 300.000 луѓе, па така и овој, на нас скоро непознат, производителот успеа планираните уреди да ги продаде за 1,8 секунди.

Оваа продажба, како што можете и да претпоставите, е направена во Кина, а самиот телефон е производ на кинеско-калифорниската компанија „Royole“, која уште минатата година го претстави првиот флексибилен телефон на светот, и тоа пред големите играчи на пазарот како што се „Samsung“ и „Huawei“.

Иако вкупната количина пуштена на кинескиот пазар не е позната, само ден пред почетокот на продажбата биле нарачани 150.000 примероци, а уште толку биле резервирани првиот ден.

„FlexPai 2“ моментално е најпристапниот 5G паметен телефон со флексибилен екран на светскиот пазар, кој се продава по цена под 1.500 долари, што е за 30 до 40 проценти понска од уредите на претходните два споменати производители.

За оваа цена се добива уред со 8GB RAM и 256GB простор за складирање на податоци, а во понудата се и 126/512GB верзии. Телефонот е опремен со флексибилен екран со дијагонала од 8 инчи, резолуција од 1.920 x 1.440 пиксели, а користи процесор „Snapdragon 865“. Тој е опремен со систем од три камери од кои главната има сензор од 64MP. Tука е уште и широкоаголната од 16 и дополнителна од 8 мегапиксели, како и предната камера од 32 мегапиксели.

Производителот истакнува дека екранот на уредот успеал да издржи 1,8 милиони преклопувања, како и дека во конструкцијата на шарките користат материјал со кој се изработуваат делови за авиони. Тоа му овозможува со леснотија да биде поставен под било кој агол за да се гледа содржината на екранот.

„Royole FlexPai 2“ поддржува „Wi-Fi 6“, „Bluetooth 5.1“ и „USB 3.1 Type-C“ стандарден, има два стеро звучници и страничен читач за отпечаток на прстот. Тој користи „waterOS 2.0“ оперативен систем кој е заснован на „Android 10“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП