Овен (21.03 – 20.04)
Се уште се двоумите околу некои планови кои ги имате околу реновирање на домот. Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Бидете внимателни на работното место и бидете понастрана од озборувањата.
Бик (21.04 – 21.05)
Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори или партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не се напрегнувајте, правете одмор од време на време, ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили. Ако видете дека луѓето не ве разбираат повлечете се.
Рак (22.06 – 22.07)
Пред вас се прекрасни моменти, и уште поубава атмосфера. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите.
Лав (23.07 – 22.08)
Копнеете за промени во секој поглед. Ова е период на мрзеливост, затоа и не очекувајте некакви спектакуларни промени. Бидете трпеливи и се ќе си дојде на свое место. Имате проблеми со имунитетот, посветете си целосно внимание и внесувајте овошје и зеленчук. Несигурни сте кон партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Живеете во период на љубовна хармонија во која владее меѓусебно разбирање со партнерот. Успехот во работата повеќе зависи од околностите, отколку од вас. Тоа влијае и на здравјето, каде што е присутна речиси хронична нервоза. Излезете со пријателите и забавувајте се за малку да се опуштите.
Вага (23.09 – 22.10)
Конечно ќе имате слободно време да се релаксирате и опуштите. Денес е совршен ден за опуштање и романтика. Не мислете на ништо друго освен на вашиот партнер и приредете му едно изненадување кое ќе го памети. Во вечерните часови вашиот мозок може да биде напнат, па затоа најдете некое решение за да се опуштите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Убаво изгледате, а уште поубаво се чувствувате. Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не потпирајте се на партнерот, тој нема многу да ви помогне.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидете крајно претпазливи по прашањето на парите и советите на пријателите. Можеби информациите кои ви се дадени како сигурни и не се толку сигурни. Проверете ги нештата пред да ги отуѓите финансиите дефинитивно, посебно ако е значајна сума во прашање. Ако сте алчни, можностите за губење се поголеми.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сакате да дејствувате на многу полиња, енергични сте, кога ќе наумите нешто, тешко можат да ве сопрат. Потрудете се да ги одбегнете проблемите со финансиите, партнерот ве обожава, поминете го секој слободен миг со него.
Водолија (21.01 – 19.02)
Добрата проценка и организираноста ќе ви донесат успех. Секогаш знаете што сакате и тоа дава резултати. Оставете ги настрана нервозите. Љубовта ви цвета, што не значи дека е забранета нова авантура. Посветете си повеќе внимание на себеси.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова е тежок период за вас. Особено голем проблем ви претставуваат финансиите. Трошоците се зголемуваат, а нови приливи тешко доаѓаат. Денес ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот.