4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗгаснаа и последните надежи за „Windows 10“ за смартфоните

Згаснаа и последните надежи за „Windows 10“ за смартфоните

Проектот „Windows Phone“ е одамна завршен, но некои ентузијасти продолжија да се надеваат дека „Microsoft“ сепак ќе понуди верзија на „Windows 10“ оптимизирана за паметни телефони. Не, ваквиот развој на настаните не е дел од плановите на компанијата.

„Microsoft“ ја прекина работата на оригиналниот џебен компјутер „Andromeda“ во 2018-та година за да се фокусира на мобилните уреди кои работат на „Android“. Ентузијастите продолжуваат да поднесуваат петиции со кои го повикуваат „Microsoft“ да претстави мобилни телефони со „Windows“, но компанијата не планира да го оживее оригиналниот проект „Andromeda“ и да ги лансира уредите „Surface Duo“ со „Windows 10“.

Како „последната шајка во ковчегот“ на идејата за „Windows“ за паметни телефони се толкува како одлука на компанијата да го отстрани од „Windows 10“ кодот на „GUID“ (глобално уникатен идентификатор), кој е поврзан со телефонски повици. „GUID“ го користат програмерите и „Microsoft“ за извршување процеси или скрипти, објави „Windows Latest“.

Особено, „Microsoft“ го отстрани кодот „GUID Cellular LineFactory“ во компилацијата на „Windows 10“ под бројот 19.569. Овој код е одговорен за поддршка на телефонски повици во „Windows“. Ова е јасен сигнал дека компанијата конечно ја прекинува идејата за „Windows“ за мобилните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП