3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

„Westpac“, една од најголемите австралиски банки, се согласи да плати рекордна казна од скоро една милијарда долари за систематско дозволување на перење пари.

Компанијата денес објави дека се согласила да плати казна од 1,3 милијарди австралиски долари (920 милиони долари) што им ги наметна локалниот регулатор на финансии.

„Westpac“, исто така, призна како дел од зделката дека ги прекршила законите против перењето пари и финансирање тероризам повеќе од 23 милиони пати.

„Би сакал искрено да се извинам за пропустите на банката“, рече извршниот директор Питер Кинг во изјавата. „Работиме да ги поправиме овие проблеми и да се осигураме дека овие грешки нема да се повторат. Ова е приоритет број еден за мене“, додаде тој.

Доколку казната биде одобрена од австралиски суд, таа ќе биде најголема во историјата на компанијата.

Во 2018-та година, „Commonwealth Bank of Australia“ беше казнета со 700 милиони долари (493 милиони американски долари) откако банката призна дека не ги почитувала законите против перењето пари и антитерористичкото финансирање.

Акциите на „Westpac“ паднаа денес на берзата во Сиднеј и последен пат паднаа за околу 1%.

Австралиските регулатори започнаа истрага против „Westpac“ пред скоро една година. Тоа доведе до оставка на поранешниот извршен директор Брајан Харцер во ноември минатата година.

Казната исто така значително ја надминува сумата што „Westpac“ ја издвои за скандалот.

Во денешното соопштение, банката рече дека очекува можна казна од 900 милиони австралиски долари (634 милиони американски долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП