ИНТЕРЕСНО

10 кандидати за тренер на Барса, двајца фаворити

barsa

Тимот на Барселона треба да има нов тренер во следните седум дена. Ова синоќа го објави раководството на клубот, а денес веќе се споменуваат имињата за нов тренер.

Според медиумите во Шпанија, десетмина тренери ќе се борат за местото на Тито Виланова, а до тогаш тренинзите на тимот ќе ги води помошникот Жуан Франсеск Ферер „Руби“.

Меѓу претендентите веќе се најдоа младите тренери како Луис Енрике, Оскар Гарсија и Михаел Лаудруп, кои се поврзани со Барса во даден момент од својата кариера, како и оние од школата на клубот како Жорди Роура, Луис Карерас и Херардо Мартино.

Според извори блиски до Барса, премногу е веројатно дека каталонците ќе се насочат кон невработените тренери како Франк Рајкард, Марсело Биелса или Јуп Хаинкес, а првите двајца се најголеми фаворити.

На листата се најде уште едно звучно име, а тоа е младиот стратег Андре Вилаш-Боаш.

Останува да се види кој ќе седне на „жешката“ клупа на каталонскиот гигант.