28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.09.2020

Дневен хороскоп 23.09.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се наоѓате во интензивен период во кој изобилувате со енергија, шарм и оптимизам. Но, ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплаќате многу подолго. Вашите соработници се обидуваат да ви ги посочат грешките кои ги правите, но вие не сакате да ги слушате

 

Бик (21.04 – 21.05)

Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Постои можност да бидете малку нерасположени и плачливи без некоја посебна причина. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Месечината во Вага и Сатурн ве прави премногу подготвени и упорни да се борите за она за кое сметате дека ви припаѓа. Би требало да бидете подготвени да се прилагодите на барањата на деловниот партнер, без оглед дали се работи за сегашната или за некоја нова работа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето зравје. Вложете во образованието. Среќни сте и задоволни, полни со позитивна енергија.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Многу разни емотивни состојби можат да ве обземат во текот на следните неколку дена, но истите ќе се обидете на својствен начин да ги скриете и да не ги покажувате пред другите иако може и да не успеете во тоа, па да имате некаква емотивна ерупција или испад, посебно кон едниот родител, близок на партнерот и сличма некаква нереална загриженост поради вашиот статус, поради вашата професионална дејност и слично.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес расположението и емоциите на луѓето околу вас ќе имаат огромно влијание на тоа како се чувствувате и како се однесувате. Лесно ќе ве расплаче нечија тажна приказна или пак ќе ве „зарази“ нечија позитивна еуфорија. Па, внимателно избирајте со кого ќе го поминете денот. Со одредена доза мудрост и професионална тактика, лесно можете да се наметнете пред соработниците кои имаат важна улога во работните преговори.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидете подготвени да влезете во некаков бизнис аранжман со некоја Водолија ако таа ви вети добри услови за работа. Прилично сте нервозни и недоволно подготвени да се прилагодите на некого. Се чувствувате одговорни дека мора да ги исполните ветувањата кои сте и ги дале на некоја личност која на вас ви е многу драга, без оглед дали се работи за незадолжително партнерство или за нешто што ќе премине во посериозно или долгогодишно.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби е денес денот да смените некои однесувања на кои им робувате и да пронајдете ваш израз кој ќе ве промовира како човек со сопствен интегритет и мислења, а не само како некој кој ги следи зацртаните и очекуваните параметри на средината. Поточно, на деловен план можни се комуникации со значајни луѓе, но на ваш посебен начин кој остава впечаток и ја зголемува заинтересираноста за вас што е прв предуслов кон некаква промоција и напредување.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Планирате како да ги инвестирате парите во работата и дали тоа ќе ви се исплати. Некој ќе ги исполни вашите желби, и тоа треба да го цените, особено ако станува збор за некој Лав, Јарец или Шкорпија кои поради вас ќе направат некои големи отстапки. Можна е соработка со лица кои се занимаваат со уметност.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Може да бидете многу успешни во работата која од вас бара способност некого да го убедите во нешто, можно е да станува збор за приватен проект или за некоја работа која би можела да биде добро платена во соработка со странци. Очекувате повик од лице со кое треба да се сретнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП