25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЧесто добивате повик од непознати броеви? Наскоро и на тоа ќе му...

Често добивате повик од непознати броеви? Наскоро и на тоа ќе му дојде крај!

Кога добивате телефонски повик од непознат број, многумина се двоумаат дали да се јават или не – можеби е нешто важно, но постои голема можност да е некој агент за осигурување и слично, кои на луѓето само им одземаат дел од драгоценото време. „Google“ одлучи да стави крај на ова.

Со помош на нови функции, корисниците ќе знаат не само кој ги повикува, туки и зошто.

Па така, доколку ве повикува мобилниот оператор чиј агент сака да ви понуди продолжување на договорот, токму тоа ќе го пишува на вашиот телефон при повикот – името и логото на компанијата која ве повикува, како и причината. Исто така, ќе биде прикажана и ознаката дека таа информација е верифицирана од „Google“.

За почеток, функцијата ќе се тестира само на одредени пазари, а од компанијата „Google“ нагласуваат дека информациите за повиците, како и причините за повикот ќе се прикажуваат само за оние компании кои како партнери ќе учествуваат во таа програма.

Слична опција се планира и за „SMS“ пораките, па така примателот на пораката може ведна да ги види основните податоци на испраќачот и лесно да препознае дали е во прашање некоја измама.

„Google“ веќе некое време ја тестира оваа опција и вели дека благодарејќи на неа зголемени се шансите лицето кое го прима телефонскиот повик да одговори. Услугата прво ќе се појави на пазарите САД, Бразил, Мексико, Шпанија и Индија, а подоцна и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП