25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДесетици милиони корисници сè уште работат со „Windows XP“

Десетици милиони корисници сè уште работат со „Windows XP“

И покрај напорите на „Microsoft“ да ги убеди корисниците да го користат сегашниот оперативен систем, десетици милиони ширум светот продолжуваат да работат на компјутери со 19 години стариот „Windows XP“.

Најновите податоци на компанијата за веб-аналитика „Net Applications“ покажуваат дека „Windows XP“, лансиран во 2001-ва година, сè уште е жив и се користи на милиони компјутери, десетици милиони.

До крајот на август годинава, оперативниот систем стар скоро 20 години е инсталиран на 1,26% од сите лаптопи и десктоп компјутери во светот. Ова е многу повеќе од посовремените „Windows 8“ (0,57%), „ChromeOS“ (0,42%) и „Windows Vista“ (0,12%).

Официјалниот „крај“ на „Windows XP“ се случи на 14-ти април 2014-та година, кога „Microsoft“ престана да го поддржува системот. Ова значи дека платформата е без безбедносни ажурирања повеќе од шест години.

Со повеќе од две милијарди компјутери ширум светот, заклучокот е дека приближно 25,2 милиони корисници продолжуваат да работат со необезбедениот оперативен систем „Windows XP“.

Во меѓувреме, 60% од компјутерите имаат инсталиран „Windows 10“, значително зголемување од нешто повеќе од 50% пред 21 месец. Уделот на „Windows 7“ се намали за една година од 31,53% на 22,31%.

Најблизок конкурент на „Microsoft“ во оперативните системи е „Apple“, но неговата платформа заостанува далеку зад доминантниот лидер. „Mac OS X 10,15“ учествува со 3,49% од пазарот на компјутери, „Mac OS X 10,14“ сочинува 2,96%, а верзијата „10,13“ – 1,44%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП