19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија голем број информации за телефонот „Sony Xperia 5 II“ (ВИДЕО)

Се појавија голем број информации за телефонот „Sony Xperia 5 II“ (ВИДЕО)

„Sony“ работи на втората генерација на телефонот „Xperia 5“, кој би требало да се нарекува „Xperia 5 II“, a големиот број на информации за уредот ги објави познатиот дојавувач „Evan Blass“ (@evleaks).

„Sony Xperia 5 II“ според информациите, ќе користи 6.1-инчен дисплеј со сооднос 21:9 на страните и ќе има стапка на осветлување на екранот од 120Hz.

Рамките од страните се исклучително тенки, додека „Sony“ успеа да ги задржи своите препознатливи рамки на горниот и долниот дел. Тоа значи дека нема да има необични исечоци и отвори во екранот за „селфи“ камерата и придружните сензори.

Кога сме кај камерата, „Sony“ избра троен систем на задната страна, креиран во соработка со „ZEISS Optics“. Главната камера има 12MP сензор со f/1.7 oтвор на блендата и 24mm oбјектив. Телефото и ултрашироката камера исто така имаат по 12MP. Телефонот ќе има можност за снимање на 120fps видеа во 4K HDR.

Што се однесува до внатрешниот хардвер, телефонот ќе го користи чипсетот „Qualcomm Snapdragon 865“ со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, а се очекува и поддршка за проширување преку „microSD“ картичка.

За софтверската поддршка ќе биде задолжен „Android 10“, со минимално прилагодување на корисничкиот интерфејс. Телефонот ќе има и стерео звучници и 3.5mm приклучок. Сето тоа ќе се напојува со батерија од 4000mAh.

„Sony“ потврди дека „Xperia 5 II“ ќе биде претставен на 17-ти септември, додека во продажба може да се очекува во текот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП