17 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Nokia 9.3 PureView“ ќе биде претставен наскоро

„Nokia 9.3 PureView“ ќе биде претставен наскоро

„Nokia“ се надева дека со телефонот „Nokia 9.3 PureView“ ќе успее да ги надомести недостатоците на линијата, уште од појавувањето на моделот „Nokia 9 PureView“.

Премиерата на споменатиот модел беше одложувана неколку пати, а последната беше поради пандемијата на ковид-19, која влијаеше на развојот на уредот и на ланецот на снабдување.

Според најновиот извештај на сајтот „Nokia Power User“, претставувањето на телефонот се очекува наскоро, а малопродажен партнер објави информации за куќиштето на телефонот. За жал, рендерите не може да се погледнат, поради тоа изворот на информацијата побарал да остане анонимен.

Се очекува дека „Nokia 9.3 PureView“ ќе има дисплеј (веројатно „OLED“) со освежување од 120Hz, како и нов систем на камери кои ќе ги предводи 108MP сензорот на „Samsung“, додека секундарната камера би можела да биде од 64MP. Постојат и некои ексклузивни „ZEISS“ ефекти на камерите. Новиот „PureView“ телефон ќе работи со чипсетот „Snapdragon 865“.

„Nokia 9.3 PureView“, според информациите, се очекува да започне да се произведува во текот на овој или следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП