3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.09.2020

Дневен хороскоп 01.09.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Може да дојдете во ситуација да бидете испровоцирани и остро да реагирате. Настаните ќе ви се редат и ќе имате чувство дека сите работат против вас. Прво можете да дојдете во конфликт со колега, а попладне ви следува непријатно изненадување од еден пријател. Главоболките кои ги чувствувате подолго време се резултат на напнатост и на нервоза.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку сте слободни, денес ве очекува интересно познанство со една личност што ќе се однесува таинствено. Обидете се да ја запознаете подобро, зашто можеби нема да ви се допадне тајната која ја крие. Ако се занимавате со недвижности или имате бизнис во врска со храна, денес ќе добиете идеална понуда.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку сте невработени, постои можност, преку еден пријател, да добиете повик за работа. Повикот пријатно ќе ве изненади. Не мудрувајте многу и не избирајте ги лошите страни на работата. Понудата е многу сериозна, и треба да ја прифатите. Најдете начин да се опуштите. Премногу сте нервозни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е денес да добиете понуда за поголем проект. Понудата ќе биде поткрепена со одлична материјална добивка. Бидете внимателни на работното место и не дозволувајте озборувањата против вас да му бидат пренесени на шефот. Тој веќе подолго време ве набљудува и бара грешки во вашата работа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате моќни непријатели, и најдобро е да се повлечете. Симптомите кои ги чувствувате во врска со здравјето се нејасни и ќе треба да преземете конкретни мерки. Доколку се занимавате со јавна работа, можно е да дојдете во конфликт со личности што досега прикриено дејствувале против вас. Не бидете наивни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сметате дека потрошивте премногу енергија на докажување. Финансиската ситуација ви е добра и денес ќе правите планови за вложување во домот. Ако сте вработени, можно е да дојде до некои промени кои ќе ве изненадат. Можеби на прв поглед ситуацијата ќе ви делува стресно, но подоцна ќе сфатите дека е во ваша корист.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вие навистина давате се од себе да им помогнете на луѓето, но тоа не значи дека треба да бидат под ваша контрола. На работното место ситуацијата ќе биде мирна и ништо ново нема да се случува. Доколку сте во сериозна врска, денес партнерот ќе побара поддршка од вас. Секако ќе морате да му помогнете.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во моментов многу работи ве мачат и не знаете од каде да почнете со решавањето на проблемите. Можеби е најдобро да започнете со финансиската ситуација, затоа што на тој начин ќе се ослободите од зависноста кон семејството. Потиснувањето на емоциите може да доведе до зголемен притисок. Верувајте му на партнерот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе добиете солидна сума пари. Парите ќе ви дојдат неочекувано и многу ќе ве изненадат. Се работи за програма во која имате вложено многу труд, но не сте очекувале да ви биде платена. Тоа воопшто не е чудно кога се работи за вас, затоа што вие, пред се, сакате да помогнете и да се жртвувате за другите. Ако сте слободни, можно е да стапите во контакт со една личност која се наоѓа во странство.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку имате сопствен бизнис, бидете внимателни и не влегувајте во расправија со некои личности што можат да ви направат проблем во бизнисот. Не бидете наивни и не кажувајте ги вашите идеи, затоа што тие можат одеднаш да бидат стопирани. Доколку сте слободни, денес е можно да запознаете личност родена во воздушен знак. Ќе бидете изненадени од фактот дека имате многу заеднички точки.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во моментов имате голема амбиција и надежи дека некој нов план ќе ви донесе и поголем финансиски приход. Доколку сте невработени, можно е да добиете понуда за работа на одредено време. Воопшто нема да ви биде јасно за што се работи и кои работни задачи треба да ги извршувате. Понудата, секако, прифатете ја, затоа што ако не ви се допадне, понатаму лесно ќе се откажете.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во текот на денот може да дојде до расправија со една постара личност. Се работи за нешто од минатото што вие сте го заборавиле, но личноста го памети. Не дозволувајте да бидете испровоцирани. Партнерот има многу енергија и бара внимание. Ќе морате да му посветите дел од вашето време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП