23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„WhatsApp“ подготвува опција која на сите им е потребна

„WhatsApp“ подготвува опција која на сите им е потребна

Популарната апликација за комуникација планира да воведе интерфејс „Storage Usage“ со чија помош корисниците ќе можат да следат како и за што се користи складирањето на „WhatsApp“, односно меморијата на нивниот мобилен телефон. Интерфејсот ќе биде поделен во три секции, пишува „Tech Radar“.

Првата секција ќе ја прикажува вкупната количина на меморија која апликацијата ја користи, вкучувајќи ги и сите мултимедијални датотеки кои се примени и испратени.

Втората секција ќе прикажува колку меморија зазема исклучиво мултимедијалната датотека, па така корисникот ќе може да види што зазема најмногу простор, па дака да може полесно да ги сортира.

Третата секција ќе прикажува колку меморија зазема секој поединечен разговор, а во неа ќе се наоѓа и алатка со која ќе можат корисниците да пребаруваат содржина за одреден разговор.

Опцијата би требало да биде достапна и за „Android“ и за „iOS“ корисниците, но моментално се наоѓа во фаза на тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП