19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.08.2020

Дневен хороскоп 26.08.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вие повеќе сакате да делувате сами и тимската работа не ви одговара. Доколку сте сами, деновиве можат да бидат многу значајни за вас. Ви претстои судбоносна средба која ќе одбележи голем период од вашиот живот. Ако сте во брак или во подолга врска, бидете внимателни и одговорете на прашањата на партнерот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес административните работи ќе имаат приоритет. Ќе морате да се позанимавате со документи кои сте ги оставиле по страна и како да очекувавте сами од себе да се завршат. Односите со партнерот се на мртва точка и колку и да се трудите ништо конкретно не можете да направите. Ако сте сами, денес е можно да ви се допадне личност со која веќе подолго време соработувате.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Најважно од се ви е да не останете без пари. Овој месец имавте многу финансиски промени и време е за стабилизација. Плановите што денес имате намера да ги остварите се многу сериозни и можат да ви донесат убава иднина. Денес ќе бидете многу тврдоглави и без намера да отстапите од она што сте го замислиле.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вознемирени сте поради некој долг што доаѓа за наплата. Средствата ви се ограничени и наскоро не очекувате нови приливи. Сето тоа ве тера да размислувате за дополнителна работа која би можела да ви надомести дел од трошоците. Време е да ја надминете посесивноста во односите со партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

За жал, плановите кои не ги реализиравте во изминатиот период, ќе морате да ги одложите и да чекате уште неколку недели до нивната реализација. Денес е можен помал финансиски прилив којшто ќе ви амортизира дел од трошоците. Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не е време за изливи на бес. Таквите изливи кај вас ретко се случуваат и поради тоа предизвикуваат бура кај луѓето од опкружувањето. Доколку сте слободни, имате намера да и се приближите на една личност, но пред тоа би сакале да го испитате теренот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Колку и да се трудите, нема да дознаете како размислува личноста за која сте заинтересирани. Затоа е најдобро да се опуштите и да чекате соодветен момент. Доколку сте осамени, можна е интересна средба преку пријатели. Не повлекувајте се веднаш туку обидете се да сфатите зошто тие сакаат да ве запознаат токму со таа личност.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сметате дека не постои задача која не можете да ја завршите. Ова може да предизвика завист кај колегите, и затоа бидете внимателни и не експонирајте се премногу. Унапредувањето што го очекувате, секако ќе дојде во наредниот период.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се однесувате како да сте двојна личност. Од една страна сте импулсивни, од друга, се однесувате како да ви е сеедно. Тој внатрешен конфликт прави збрка, не само кај вас туку и кај луѓето од вашето опкружување. Време е да се соземете, зашто на овој начин губите многу шанси и во работата и во приватниот живот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ситуацијата на работното место се уште е нејасна, и никако не можете да сфатите што се случува. Иако размислувате логично и се обидувате да бидете кооперативни, дел од вас само што не експлодирал. Обидете се да се опуштите и не дозволувајте да бидете испровоцирани.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе донесете добра одлука во врска со работата и затоа, не вртете се назад туку насочете се кон иднината. Доколку сте слободни, во попладневните часови можно е да сретнете личност која сосема ќе го смени правецот на вашите мисли. Ќе се чувствувате како одамна да се знаете и дека нешто судбинско ви се случува.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работите одат во поволен правец, но обидете се да ја согледате ситуацијата во целина и да не ги одвојувате работите. Анализата е добра работа, но премногу анализирање може да ве одведе во погрешен правец. Со партнерот како да се наоѓате во некој меѓупростор и секој прави планови за себе. Време е да седнете и да разговарате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП