7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Сребрен куршум“ за 50 среќни луѓе (ФОТО/ВИДЕО)

„Сребрен куршум“ за 50 среќни луѓе (ФОТО/ВИДЕО)

Производителот на луксузни автомобили „Rolls-Royce“ објави фотографии од ексклузивниот модел „Dawn Silver Bullet“.

Станува збор за ограничена серија на суперлуксузeн кабриолет кој со својот префинет стил ве остава без здив.

За сценографија за фото-сесијата е избрана областа околу италијанското езеро Градо, а преубавите кадри од околната природа се дополнуваат со сребрениот модел „Dawn Silver Bullet“.

Автомобилот е обоен со специјална металик нијанса „Brewster Silver“, додека внатрешноста е од кафена кожа со врвен квалитет.

„Rolls-Royce“ ќе направи само 50 примероци од моделот „Dawn Silver Bullet“, a секој ќе биде нумериран, што дополнително ќе ја подигне колекционерската вредност на возилото во дециениите кои доаѓаат.

Цената на автомобилот не е соопштена, но се претпоставува дека сите 50 возила однапред се продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП