19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Huawei“ го подготвува својот прв десктоп компјутер

„Huawei“ го подготвува својот прв десктоп компјутер

Додека во светот има проблеми поради американските санкции, компанијата „Huawei“ одлично работи на домашниот пазар. Наскоро во Кина „Huawei“ има во план да го претстави својот прв десктоп компјутер кој ќе добие генеричко име „Qingyun W510“.

Новиот компјутер на „Huawei“ ќе го произведува „Foxconn“, a во продажба судејќи според рендерите ќе се појави заедно со монитор, глувче и тастатура. Станува збор за компјутер кој ќе се користи за работа и е наменет за употреба во тамошните државни служби, како и во приватните компании. На него нема да може да се инсталира „Windows“, туку само локалниот оперативен систем „UOS“.

Компјутерот ќе се базира на 7-нанометарски „Kupeng 920 3211K“ процесор со 24 процесорски јадра со такт од 2,6 GHz кои нема да може да се менуваат. Куќиштето е компактно и содржи 3 „USB“ порти (Type A), „LAN“ приклучок, „VGA“ приклучок и приклучок за слушалки. Уредот се очекува наскоро да се појави на пазарот, иако се уште нема официјален датум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП