2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е првиот електричен кросовер на „Volkswagen“ (ВИДЕО)

Ова е првиот електричен кросовер на „Volkswagen“ (ВИДЕО)

Компанијата „Volkswagen“ во фабриката Цвикау во Германија го започна производството на моделот „ID.4“, пред официјалната светска премиера закажана за крајот на септември.

Групацијата „VW“ не ги крие амбициите да стане светски лидер во производство на електрични возила, со инвестиции кои до 2024-та година ќе достигнат 33 милијарди евра.

Oд тие 11 милијарди евра ќе бидат наменети за брендот „Volkswagen“, додека во погонот во Цвикау се вложени 1,2 милијарди евра.

До крајот на годината оваа фабрика ќе биде целосно прилагодена за изработка на возила на струја, па во 2021-година ќе има годишен капацитет од 300.000 eлектрични возила.

Инаку станува збор за модели засновани на „MEB“ механичката платформа која групацијата „VW“ ја разви за потребите за производство на своите автомобили на електрична енергија. Кросоверот „ID.4“ е вториот продукциски модел по компактниот хечбек „ID.3“ кој ја користи оваа платформа.

Како што велат од „Volkswagen“, Цвикау ќе биде „најголемиот најефикасен погон за изработка на „EV“ во Европа“.

Со коефициент на отпорот на воздухот од 0,28, модуларниот систем за погонски батерии и радиус на движење од преку 500 km (според „WLTP“ стандардот), „ID.4“ во почетокот ќе биде достапен во верзија со погон на задните тркала, а подоцна во понудата ќе се најде и опција за погон на сите 4 тркала.

Се очекува дека моделот со заден погон ќе има мотор кој ќе произведува 201 KS и 310 Nm, a верзијата со погон на сите четири тркала ќе располага со 302 KS и 450 Nm.

„Volkswagen ID.4“ на почетокот ќе им биде понуден на купувачите во Европа и Кина, а подоцна и на оние во САД.

Освен во Цвикау, моделот ќе се изработува и во Кина (каде што е започната претпродукциската серија), како и во Чатануги во Тенеси, САД од 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП