20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУште едно враќање на „BlackBerry“ телефонот

Уште едно враќање на „BlackBerry“ телефонот

Стартапот за безбедност, „OnwardMobility“ најави планови за нов „5G-BlackBerry“ телефон со физичка тастатура.

Се проценува дека овој телефон ќе биде подготвен да се појави на пазарот во првата половина од следната година, што би била втора реинкарнација на овој бренд.

Имено, пред неколку години изгледаше дека „BlackBerry“ ќе замине во историјата. Меѓутоа, „TCL“ тогаш објави дека ќе произведува два модели на „BlackBerry“. Во февруари оваа година, компанијата одлучи да не го продолжи договорот со „BlackBerry“, а на почетокот на овој месец престана да ги продава тие телефони. Сега на сцената стапува „OnwardMobility“, па изгледа дека „BlackBerry“ добива уште една шанса.

Извршниот директор на компанијата „OnwardMobility“, Питер Френклин, спомена дека новиот „BlackBerry“ ќе биде визуелно привлечен и безбеден телефон. Неговата компанија планира да оствари блиска соработка со „BlackBerry“ и „FIH Mobile Limited“, компанија во сопственост на „Foxconn Technology Group“, која би го произведувала тој нов модел. Од „BlackBerry“ се воодушевени од идејата да понудат „5G“, покрај големата деловна безбедност која стана синоним во доменот на безбедната и сигурна комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП