29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСите на едно место: „Facebook“ ги поврзува трите најпопуларни апликации

Сите на едно место: „Facebook“ ги поврзува трите најпопуларни апликации

Уште на почетокот на минатата година беше најавено спојување на апликациите „Messenger“, „WhatsApp“ и „Instagram“ во една заедничка платформа за размена на пораки и тоа деновиве ќе се реализира, но очигледно на „мала врата“.

Корисниците во САД имаат забележано дека во рамките на мобилната апликација „Instagram“ за „iOS“ и „Android“ е понудена надоградба на нов систем за размена на пораки – кој по тоа ажурирање значително го менува изгледот.

По ажурирањето, кое треба рачно да се направи, „чатот“ во „Instagram“ изгледа речиси исто како тој во „Messenger“, a зa него се користи и истата икона на „Messenger“. Апликацијата најавува и дека на овој начин ќе може да се комуницира и со контактите кои имаат само профил на „Facebook“, а немаат направено профил на „Instagram“. Oние кои ја ажурирале апликацијата и се обидуваат да го сторат тоа во моментов им јавува дека комуницирањето од една на друга друштвена мрежа се уште не е овозможено, па очигледно станува збор за функционалност која ќе биде дополнително вклучена.

Покрај редизајнот, „Instagram“ со ова доби и нови опции од „Messenger“ кои се познати од претходно: реакција со „емотикоин“ на пораката, како и одговарање на специфични пораки на начин, можност која е достапна и на „WhatsApp“.

Дологорочниот план на „Facebook“ за спојување на сите свои „чат“ платформи во една со цел да се овозможи комуницирање меѓу нив, очигледно е во нова фаза на тестирање. Кога таа ќе биде готова, се очекува дека целиот тој систем за размена на пораки ќе биде заштите. Иницијални во според планот беше зацртано спојувањето да се случи во текот на 2020-та година.

Доколку се држат до дадените термини, тогаш до крајот на годината би можеле да очекувам дека корисниците кои имаат само „Facebook“ ќе може да се допишуваат со корисниците кои имаат само „Instagram“ и обратно, а веројатно потоа во системот ќе бидат вметнати и оние кои користат „WhatsApp“ (самостојно или во некоја од овие апликации).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП