25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознати се датумите на премиерата и испораката на „iPhone 12“

Познати се датумите на премиерата и испораката на „iPhone 12“

Благодарение на аналитичарот Џон Просер, ги дознавме деталите на периодот на објава и испорака на „iPhone 12“ линијата телефони на „Apple“. Токму Просер точно го предвиде датумот на објава на „iPhone SE“ моделот.

Според наводите, „Apple“ ќе одржи настан на кој ќе ги претстави „iPhone 12“ и „12 Pro“, во текот на неделата која почнува на 12-ти октомври. Потоа, компанијата ќе почне со претпродажба на стандардниот „iPhone 12“ модел во рамките на истата недела и ќе го испорачува една недела подоцна (19-ти октомври).

Кога се во прашање „iPhone 12 Pro“ моделите, почетокот на нивната испорака се очекува во текот на ноември.

Просер објави и информации за објавата на следната генерација на достапниот „iPad 10.2“ таблет уред, како и „Apple Watch Series 6“ паметните часовници, а се очекува дека тоа ќе се случи во текот на неделата која почнува на 7-ми септември. Според неговите зборови, „Apple“ нема да одржи никаков специјален настан и овие уреди ќе ги претстави преку соопштение за медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП