19 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Тwitter“ призна нов безбедносен пропуст

„Тwitter“ призна нов безбедносен пропуст

Само неколку недели откако претрпеа сериозен хакерски напад, кога се откри дека нивните вработени се најслабата алка во безбедноста, објавија уште една, загрижувачка вест од „Тwitter“.

„Тwitter“ специјално ќе ги информира оние корисници кои се загрозени, пишува порталот „itmagazin“.

Имено, објавено е дека постои безбедносен пропуст што може, потенцијално, да ги изложи приватните податоци на некои корисници на „Android“. Поточно, апликациите од трети страни би можеле да ги заобиколат правилата за безбедност на „Android“ преку апликацијата „Тwitter“ и да гледаат приватни пораки што корисниците ги разменувале со други корисници на оваа социјална мрежа.

Тие исто така истакнаа дека засега немаат докази дека тоа навистина се случило.

Безбедносната маана е веќе решена за корисниците кои користат верзии 8 и 9 на „Android“, што би значело дека 96% од корисниците се заштитени. Другите 4 проценти треба да ги ажурираат своите апликации за паметни телефони што е можно поскоро, според порталот.

Тие ќе бидат специјално информирани од „Тwitter“ и ќе добијат инструкции за понатамошните чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП