30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо 60 милиони фунти Јунајтед тргнува по Бејл

Со 60 милиони фунти Јунајтед тргнува по Бејл

bale_569351S1

Манчестер Јунајтед влегува во наддавањето за Герет Бејл со понуда од рекордни за клубот 60 милиони фунти (69.5 милиони евра), тврдат англиските медиуми.

Шампионите планираат да ја направат ѕвездата на Тотенхем првиот голем трансфер по доаѓањето на новиот менаџер Дејвид Мојс.

Според медиумите почетокот на преговорите меѓу двата клуба е причината за враќањето на потпретседателот на „црвените ѓаволи“ Ед Вудворд од предсезонската турнеја во Азија и Австралија.

Ако клубот постигне договор за Бејл со сума од 60 милиони фунти, ќе го собори сопствениот рекорд за нов играч и тој повторно ќе биде доведен од Тотенхем. Во моментов врв на трансферните достигнувања на „црвените ѓаволи“ е и натаму Димитар Бербатов, кој во септември 2008-та година го смени „Вајт Харт Лејн“ со „Олд Трафорд“ за сума од 30.75 милиони фунти.

Јунајтед не е особено активен на трансфер пазарот, но сега се обидува да го земе и Цеск Фабрегас од Барселона. Различни гласини кружат околу клубот и за враќањето на Кристијано Роналдо со „мегатрансфер“ од Реал Мадрид, кој до неодамна беше најсериозен кандидат за Бејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП