
Максимална продуктивност и поврзаност со новата Note20 серија на телефони и Galaxy екосистемот на производи


Максимална продуктивност и поврзаност со новата Note20 серија на телефони и Galaxy екосистемот на производи
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го организираше првиот виртуелен Galaxy Unpacked настан во својата историја, пренесуван во живо од Јужна Кореја. Во таа прилика претставени се дури пет нови уреди: Galaxy Note20 и Note20 Ultra – најмоќните Note телефони досега, Tab S7|S7+ – повеќенаменски таблети за поголема продуктивност и креативност, Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со напредни здравствени опции, потоа Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со врвен квалитет на звукот и Galaxy Z Fold2 – нова, унапредена генерација на паметни телефони на преклоп.

„Човекот денес повеќе од било кога се потпира на технологијата – таа нам ни овозможува да сме поврзани и да ги надминеме секојдневните предизвици со кои се соочуваме“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Технологијата треба да го олесни животот на нашите корисници и тоа е причината поради која ги претставивме овие пет иновативни уреди. Поединечно, тие се моќни алатки за поефикасна работа и подобра забава за корисниците. Заедно, како дел од Galaxy екосистемот, функционираат беспрекорно, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на она што им е најважно.“
Galaxy Note20 серија – најмоќниот Note уред досега

Најмоќната Note серија досега се одликува со неверојатна продуктивност – ги има сите особини на компјутер и им овозможува на корисниците да уживаат во играњето игри како вистински професионалци. Во серијата се два уреди: Galaxy Note20 Ultra, дизајниран за љубителите на оваа серија, кои го бараат максимумот од перформанси и продуктивност, како и Galaxy Note20, за пошироката група на Note корисници, кои сакаат да уживаат во врвните функции за работа и забава.
Нови можности за работа

Galaxy Note20 серијата потполно го менува начинот на работа, овозможувајќи им на корисниците да направат повеќе, било кога и било каде. Заштитниот знак на оваа серија е новото S Pen пенкало, како и Samsung Notes апликацијата, кои се достапни и кај таблетите Tab S7|S7+. Додатно, соработката со долгогодишниот партнер, компанијата Microsoft, прави Note20 и Windows компјутерите да бидат ускладени и заедно да функционираат беспрекорно.

Забава без граница
Партнерството со компанија Microsoft доаѓа до израз и во забавниот аспект на Galaxy Note20 серијата. Корисниците можат во потполност да се препуштат на најмоќното гејминг искуство кое Samsung го има овозможено досега на мобилен телефон, играјќи игри како професионалец. Note20 серијата носи нови, врвни перформанси и поврзаност, на најдобриот дисплеј досега. Покрај тоа, тука се и професионалните алатки за правење фасцинантни фотографии и видео записи.

