29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПочина креаторот на компјутерскиот глушец

Почина креаторот на компјутерскиот глушец

Вилијам (Бил) Инглиш, еден од клучните инженери кој работеше на развој на компјутерскиот глушец и на начинот неговото движење да се одрази на екранот, почина на 26 јули, на 91-годишна возраст во Калифорнија, по респираторните проблеми.

Сите ние му должиме многу

Инглиш му се придружи на Даглас Енгелбарт во Институтот за истражување на Стенфорд во 1960 година, за да работат заедно и да го направат претходникот на денешните компјутери, кој  тогаш го нарекувале „кафеава кутија со тастери“ и глушец кој ќе овозможува контрола на предметите на екранот со движење на уредот преку масата. Тој успеа да го разбере концептот кој се наоѓал зад визијата на Енгелбарт за иднината на компјутерите, кој Енгелбарт не успевал правилно да ги артикулира.

Нивниот поранешен колега, Бил Дувал, навел дека Инглиш бил „problem solver“ (човек кој решава проблеми), кој „направи работите да станат возможни“. Инглиш имаше клучна улога во настанот наречен „The Mother of All Demos“, демонстрација одржана во 1968 година, кога Енгелбарт покажал како рачно контролиран глушец може да контролира настани на екранот. Инглиш бил зад сцената, продуцирајки го тоа видео, најверојатно користејќи прожектор во сопственост на лабораторијата НАСА.

На почетокот на 70-тите години од минатиот век, Инглиш се придружил на познатиот центар за истражување Palo Alto Research Center на Xerox , каде тој развил идеи како што е машините Alto и глувчето, кои имале големо влијание врз првиот компјутер Macitnosh на Apple, но и на персоналните компјутери на Microsoft Windows.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП